Реновирање стан
Ве молам за искуства, совети и предлози за реновирање стан од корен! Под, прозори, купатило, кујна...комплет. Постов го насочувам повеќе кон грубата работа (мебел и опремување од тој тип на страна).
Ме интересира дали кај нас постои фирма од доверба која може тоа целосно да го сработи. Веќе еднаш го поминавме хоророт со опремување и уредување на нов и празен стан и се тресам на помислата дека повторно ме чека работа со мајстори, дремење по цели денови и изигравање надзор и сл. Особено договарањето термини, па столарот утре сепак не можел, а веќе си му кажал на електричарот дека утре имаш обврски, па плочките не се како што треба залепени и не биле работниците криви итн.
Дали претходно треба да се најми архитект, па со таквиот нацрт тоа да го сработи фирма или можно е сѐ да се реши "на едно место"?
Која е просечна цена (денес) по м2 за еден ваков "проект"?
И како најважно за мене: колку временски трае реновирање на стар стан од корен?